среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

БОЛНИЦИТЕ ПРЕОПТЕРЕТЕНИ: „Козле“ од денеска повторно се отвора за ковид пациенти

БОЛНИЦИТЕ ПРЕОПТЕРЕТЕНИ: „Козле“ од денеска повторно се отвора за ковид пациенти
илустрација

Преоптеретени се болниците во Тетово, Гостивар, а делумно во Кичево и Струга. Ваква е состојбата со болниците низ Македонија по четвртиот силен бран на коронавирус.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека целосно исполнета е и Инфективната клиника со модуларната болница каде има над 130 хоспитализирни.

Со целосно исполнет болнички капацитет е и Институтот за туберкулоза, а Центарот за рехабилитација во Козле од денес почнува со работа. Таму има централен довод со кислород има капацитет од 120 кревети.

-Пациентите од другите градови на кои им е потребна хоспитализација ќе се препраќаат тука. Доктори и сестри од клиниките ги прекинуваат одморите и доаѓаат на помош во Центарот во Козле за да се воспостави и сменско работење, истакна Филипче.

Најнови вести