среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

БРИМА ГАЛУП: Мицкоски е политичар со најголема доверба од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ убедлив победник на изборите

БРИМА ГАЛУП: Мицкоски е политичар со најголема доверба од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ убедлив победник на изборите

Најновата анкета покажува дека со 7.5 проценти од одговорите на испитаниците лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е најпопуларен политичар на кој најмногу му веруваат. Само 4.5 проценти имаат доверба во премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски според најновата анкета спроведена во период од први до 21 јули на 1211 полнолетни граѓани од истражувачката агенција Брима Галуп.

На прашањето во кој политичар од Македонија најмногу верувате дури 7.5 проценти од граѓаните одговориле дека најмногу веруваат во лидерот на опозицијата Мицкоски, додека премиерот Ковачевски е на петтото место со само 4.5 проценти доверба од граѓаните.

Од албанскиот блок прв со најголема доверба е претседателот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети со 5.1 процент.

ВМРО-ДПМНЕ е изборот на граѓаните доколку денеска се одржат предвремените парламентарни избори. 19.5 проценти од анкетираните граѓани одговориле дека доколку денеска се одржат парламентарни избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а само 13.6 од испитаниците одговориле дека доколку денеска се случат предвремени парламентарни избори би гласале за СДСМ.

Во албанскиот политички блок најмногу поддршка има ДУИ со 5,9 проценти, но втора партија која е блиску до ДУИ е БЕСА на Билал Касами. Имено на прашањето за која партија би гласале доколку денеска се одржат предвремени парламентарни избори 4.8 проценти од граѓаните дале поддршка за БЕСА, додека 3.2 својата поддршка би ја дале на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари.

На прашањето ако се формираат предизборни коалиции за која коалиција би гласале доколку денеска се одржат избори, тогаш победата би ја однела коалицијата на БЕСА, Алтернатива и Огнената група на Изет Меџити со 26 проценти, додека  23.4 проценти од анкетираните граѓани би гласале за коалицијата на ДУИ, Алијанса на Албанците и ДПА на Мендух Тачи.

На прашањето дали мислите дека работите во државата одат во добра или погрешна насока, дури 70 проценти од испитаниците сметаат дека Македонија со владата на СДСМ и ДУИ не се движи во добра насока, додека пак само 21 процент сметаат дека државата се движи во добра насока.

Најнови вести