недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бугарија изрази подготвеност да помогне за справување со пожарите во земјава

Бугарија изрази подготвеност да помогне за справување со пожарите во земјава

Бугарскиот претседател Румен Радев оствари разговор со својот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев.

За да се вклучат бугарските спасувачи и војската, владите на двете земји треба да се договорат за вклучување бугарска противпожарна опрема за да помогнат во контролата на ситуацијата во Кочани, наведено е во соопштенето.

За време на разговорот, Радев го запознал Стево Пендаровски со комплицираната ситуација со пожарот и во Бугарија, но тој изразил подготвеност Софија да пружи помош.

Владата во Софија соопшти дека утрово техничкиот бугарски премиер Стефан Јанев остварил телефонски разговор со неговиот македонски колега Зоран Заев, при што разговарале за пожарите во близина на Кочани.

Бугарскиот премиер изразил подготвеност, доколку е потребно, Софија да ја поддржи Република Северна Македонија во справувањето со огнената стихија. Јанев му укажал на Заев дека во неколку делови на Бугарија противпожарни служби исто така се борат со пожари. Контролирањето на ситуацијата со пожарите во Бугарија е приоритет, се вели во соопштението на бугарската Влада.

Најнови вести