понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бугарија нон пејперот на Заев не го есапи за сериозен документ

Бугарија нон пејперот на Заев не го есапи за сериозен документ

Две недели Бугарија не и дава одговор на македонската влада за нон пејперот кој специјалниот претставник Владо Бучковски го предаде при неговата прва официјална посета на Софија со новата функција. Потврдата за тоа ја даде министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој вчера за медиумите рече дека додека нема одговор треба тука да се седне и да се разговара за понатамошната динамика, но за немањето одговор вели дека се уште се разгледува.

-Немаме добиено одговор на нашиот последен предлог како да се надмине прашањето. Сѐ уште го разгледуваат и ќе добиеме одговор, така што на првиот одговор ние веќе ќе одговориме со следен чекор како понатаму, изјави вчера Османи за македонскиот медиуми.

Но, дали Бугарија го разгледува или го чува во фиока, не знаеме. Нон пејпер во преговори на две држави помеѓу кои нема согласност по одредено прашање се предава да предизвика дебата или реакција за истото. Нон пејперот за кој македонската јавност не знаеше, се дозна дека бил предаден од страна на Бучковски за врееме на неговата посета на 9 и 10 декември, со дел да ги омекне бугарските позиции.

Во тоа време владата предводена од премиерот Зоран Заев очекуваше дека ќе успее да ја убеди Бугарија да не става вето на последниот самит за ЕУ и со тоа уште оваа година да се одржи првата меѓувладина конференција. Сепак, наместо тоа добивме нова блокада и повторно останавме без датум за почеток на преговори.

Од бугарската страна ниту тогаш, а ниту сега како што гледаме, немаат одговор за нон пејперот. Додека владата во тајност го напиша и предаде овој документ со надеж дека успее да издејствува одреден успех, гледаме дека од бугарска страна и не му даваат значење. Уште од самиот почеток јасно е дека Бугарија ја препозна попусливоста и аматерската преговарачка политика на тимот на премиерот Зоран Заев, па оттаму и нивните максималистички барања во процесот и недавањето одговор за нон пејперот за кој и самите тие видоа дека е подготвен набрзина и во тајност без посебна и заедничка стратегија.

Во меѓувреме додека владата очекуваше одговор на нон пејперот, од бугарска страна по однос на преговорите видовме дополнителни навреди кон Македонија и повторување на бугарските позиции. Министерката за надворешни работи на Бугарија, во интервју за телевизија та„БТВ“, рече дека не сите земји-членки на ЕУ ја поддржуваат Македонија да ги почне преговорите.

-Не сите ја поддржуваат Македонија, да бидеме искрени. Нема толкав ентузијазам токму утре некоја земја од Западен Балкан да стане членка на ЕУ. Кога ќе почнат преговорите, тогаш, изјави Захариева.

Бугарскиот вицепремиер и министер за надворешни Каракачанов, пак, рече дека македонскиот идентитет не постоел пред 1944 година и дека ние не треба да касаме на раката која не храни, алудирајќи на тоа дека Бугарија нас ни помага, а ние им враќаме со лошо.

– Не можеш да ја касаш раката која те поддржува и која ти е подадена со една братска добронамерност, во буквална смисла. Братска, затоа што ние сме еден народ и говориме ист јазик. Што и да ми зборуваат и објаснуваат за идентитетот, кој што бил многу древен, секој нормален човек кој што прочитал повеќе од пет страници историја поврзана со Македонија, знае дека таков идентитет, македонски, посебен од бугарскиот, пред 1944-та година не постои,  изјавил Каракачанов за бугарските медиуми.

Според последниве изјави на бугарскиот државен врв можеме да забележиме дека тие не само што не го коментираат нон пејперот, туку и се задржуваат на своите позиции со континуиран тон на изразување по однос на Македонија. Така што голема е веројатноста дека нон пејперот не e ни отворен, а камо ли погледнат. Но, и доколку истиот е разгледан, лесно може да заклучиме дека е фрлен настрана и не е земен предвид, а затоа потврда ни даваат овие изјави од бугарските претставници кои се потполно исти како и досегашните.

Најнови вести