Бугарскиот амбасадор во Република Македонија, Ангел Ангелов ќе остане надвор од државата додека Софија не види знаци на промена. Цинично е да се разговара за проекти со РСМ додека Христијан Пендиков лежи во болница, ова денеска го изјави министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков, пренесува БГНЕС.
Инаку, Милков денеска беше сослушан на седница на Комисијата за надворешна политика. Претседателката на Комисијата, Екатерина Захариева, на расправата го покани и амбасадорот Ангел Ангелов, од кого народните избраници од прва рака можеа да дознаат за состојбите во Македонија.
-Доколку Северна Македонија продолжи вака да се однесува, можно е повторно да ставиме вето. Цинизам е да се разговара за проекти за еко-патеки додека Пендиков е во болница, рече Милков.
Министерот посочи дека се отворени за дијалот, ако се реализираат проектите за заштита на Бугарите во Македонија.
-Ако тоа не се случи, може да ги запреме другите меѓудржавни проекти, вели Милков.
Нагласи дека ако Македонија сака да продолжи по европскиот пат, мора да ги исполни своите обврски, Бугарија мора само да ја следи оваа реализација.