сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Целосната власт, целосно ги поремети: Физички напади, закани и криминал на функционерите на СДСМ

Целосната власт, целосно ги поремети: Физички напади, закани и криминал на функционерите на СДСМ

Функционерите од власта се повеќе се однесуваат како шерифи, ги тероризираат граѓаните и рекетираат и се закануваат на приватни фирми.

Во текот на вчерашниот ден пратеник на СДСМ претепал гостиварченец и го искршил неговиот автомобил. Имено, медиумите во текот на вчерашниот ден известија дека пратеникот на СДСМ, од Гостивар Благојче Трпески, нападнал жител на Гостивар, го тепал и му го искршил неговиот автомобил, додека тој бил со своето малолетно дете.

На 14 септември во локал во Прилел, Илија Локвенец, синот на пратеникот Хари Локвенец извршил сексуален напад и физичко насилство, иако сексуалниот напад и насилството се пријавени во полиција, против Локвенец се уште не е поднесена кривична пријава.

Откако ја нападнал девојката, синот на пратеникот Хари Локвенец го тепал и нејзиниот другар кој сакал да ја одбрани. Сопственкот на локалот, го предупредил да не го пријавуваат случајот во полиција.

Јавноста беше потресена и кога градоначалникот на Шуто Оризари од редовите на СДСМ и поранешен пратеник од таа партија во својот кабинет затвори и малтретираше човек, за што излегоа и аудио снимки.

Шерифлукот на локалните моќници на СДСМ го гледаме и на истокот од државата, каде градоначалникот на Делчево се заканува и тероризира фирми и приватни бизниси.

Локалните шерифи по примерот на нивниот лидер Зоран Заев се закануваат и заплашуваат луѓе и со приватни разговори.

Случајот со градоначалникот на Демир Хисар, Марјанчо Стојановски, кој пред училница полна со деца и родители им се заканува на родителите дека тој како поранешен полициски инспектор има разговори од нив.

-Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму, им велеше разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето.

Челниците на власта понесени од моќта тероризаат и малтретираат и функционери на опозицијата.

Пред неколку месеци, пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојловски, иако ужива пратенички имунитет беше запрен и претресуван од полицијата на автопатот Тетово- Скопје.

Врв на целата аздисаност е сепак најновата афера „Рекет“ при што јавноста виде како бизнисмени со месеци биле рекетирани, а разврска на случајот нема.

Најнови вести