четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чашуле: Голем број на сопартијци против фамозната изјава на Заев

Чашуле: Голем број на сопартијци против фамозната изјава на Заев

Коле Чашуле во емисијата „Седмица“ говореше за фамозната изјава на Заев која предизвика бурни реакции во јавноста. За ова беше пренесе и статусот на Милчин кој важи за прв човек на Сорос и кој е најзаслужен за премиерската функција на Заев.

– Смениле веќе 20 табли, се фали Заев! Кришум, ноќе!? Врз основа на чија директива! На Заев?! Што се замислува тој? Премиерот се унапредил себеси во монарх?Не му стигнало до умот дека Димитров го молел Тито да дозволи бугарски војници по 9 септември 1944 година да учествуваат во операциите за ослободување на Македонија и Источна Србија за да се рехабилитира бугарската армија за злосторствата во времето кога Бугарија “администрирала” со пролевање крв? Знае ли Заев колку табли и споменици ќе треба да замени и урне? Колку книги ќе треба да запали? Колку партизански гробишта ќе треба да изора за да им угоди на Борисов и компанија? Ќе треба и да го збрише и нашето паметење. Е, тоа малку потешко!- се вели во статусот на Милчин.

По сето ова се наредија и голем број на реакции од многу основачи на СДСМ од типот на Илинка Митрова, но и сопартијци кои сеуште се на функции како што е градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ дури и човекот кој му помогна најмногу да го смени името претседателот на државата, Пендаровски кој веќе изгледа не може да го следи Заев.

-Дури ни претседателот веќе не може да го следи премиерот Заев во попусливиот став кон Бугарија иако го премолчи нападот од премиерот кој се пофали дека имал повеќе искуство од него. Пендаровски ги искажа своите ставови за историјата и фашизмот кој се сосема различни од тие кои ги промовираше првиот човек на Владата. За разлика од Заев, шефот на државата смета дека Македонија и Бугарија сепак имаат различна историја, се вели во емисијата.

Најнови вести