понеделник, 8. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Чашуле: Оган гори баба се чешла, Димитров удри санкции на Турција и Русија, власт во Венецуела, а Македонија се заразува од корона

Чашуле: Оган гори баба се чешла, Димитров удри санкции на Турција и Русија, власт во Венецуела, а Македонија се заразува од корона

Министерот за здравство Венко Филипче во неколку наврати потенцираше дека се вршат голем број на тестирања, односно дека досега се направени помеѓу 4000 и 5000 тестови, што според него е сосема доволно. За споредба, Словенија и другите земји од соседството прават многу повеќе тестирања и споредбено со бројот на жители и заболени граѓани имаат многу помал број заразени од коронавирусот од нас. Тоа кажува само едно, дека во Република Македонија не проблемот не му се пристапува сериозно и со соодветен третман, а тоа резултира до денеска со 550 заболени и десетина мртви од коронавирусот.

Доколку ја тргнеме на страна Словенија или земјите слични на неа, тогаш зошто во Малта која е многу помала земја се направени преку 20.000 тестови, а кај нас едвај 5.000 тестови? Но, тука се видливи причините за нереализирањето на тестовите.
Министерството за здравство влезе во директен судир со приватната болница “Систина” која исто така ги прави тестовите кои според кажувања на граѓани кои веќе се тестирале се далеку порелевантни од оние во државните установи. Дали некому не му врви бизнисот па негодува и измислува критериуми само за да нема конкуренција во тестирањата од коронавирусот?  Не е момент за пи-ар препукувања, ниту залажување на народот, туку потребни се што повеќе релевантни тестирања и точни дијагнози, со цел спречување на коронавирусот.

За жал на провладините медиуми, а за среќа на сите граѓани за да ја дознаат вистината во врска со заболените од корона вирусот, бевме сведоци на она видео каде еден од новинарите на власта несакајќи истакна податок со кој го матираше министерот за здравство Филипче во однос на заболени и излечени од коронавирусот во Република Македонија и другите земји. Можеме да се согласиме дека тука е најмал проблем што непланирано изнесоа таква информација пред граѓаните и до некаде одработија против себе, но не можеме да разбереме зошто се извртува вистината и дали се тоа вистинските вредности кои треба да се застапуваат во време на светска пандемија и секојдневно зголемување на бројот на заболени и мртви во светот и во Република Македонија?!

Не е време за шпекулации, ниту за подбивања. Надлежните институции мора навремено и професионално да пријдат на проблемот со кој се соочуваме со цел негово побрзо неутрализирање.

Најнови вести