сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Чулев: На седниците на Влада секогаш сум се залагал за најостри мерки

Чулев: На седниците на Влада секогаш сум се залагал за најостри мерки

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вечерва гостува на емисија „Само интервју“ каде што посочи дека тој се залага за најостри мерки, се со цел да се спречи пандемијата и тоа секогаш го истакнувал на седниците на Владата.

-Јас како министер за внатрешни работи на сите работни тела на Владата, меѓутоа и на седниците на Влада секогаш сум се залагал за најостри мерки. За најстроги мерки, заради тоа што само со строги мерки можеме да спречиме ширење на оваа пандемија, појасни Чулев.

Чулев додаде дека потребно е да се ограничи движење на граѓаните во вечерните часови со цел токму спречување на тие групирање на граѓаните и евентуални непочитувања на останатите одлуки на владата.

Најнови вести