вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Чулев: Спречени 14 обиди за напуштање на кризниот регион Дебар и Центар Жупа, денеска се очекува пристигнување на 200 државјани

Чулев: Спречени 14 обиди за напуштање на кризниот регион Дебар и Центар Жупа, денеска се очекува пристигнување на 200 државјани

Министерството за внатрешни работи денеска информираше за последните мерки и активности кои се преземени во насока на спречување на ширење на коронавирусот, а во координација со сите институции.

-Во рамки на МВР е формирано координативно тело со највисоките претставници на Министерството кои секојдневно имаат состанок за координација на активностите и наредби на постапување на припадниците на МВР. Министерството апелира до граѓаните да се воздржат од патување надвор од државата и да го ограничат собирањето со поголеми групи во текот на работниот ден, истакна на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој информираше дека е отворена бесплатна линија на која граѓаните може да се информираат за сите активности кои се во надлежност на МВР, а поврзани со справувањето со спречување на ширењето на коронавирусот. Телефонскиот број е 0800-00201 и е отворен 24 часа, 7 дена во неделата.

-Отворена е и е-маил адреса за поставување на прашања или пријавување на случаи во кои не се почитуваат мерките, адресата е [email protected]истакна Чулев.

Министерот посочи дека МВР отстапило возило на Армијата со цел нивно постапување во кризните региони.

-На 14 март МВР асистираше при извлекување на државјани кои беа заглавени во меѓуграничниот простор на српско-унгарската и хрватско-српската граница. Во координација со конзуларно-дипломатските претставништва во државата, МВР асистираше во спровод на странски државјани до границата и тоа на 15 март, спроведени се 36 луѓе до границата на Косово, а на 16 март спроведени се два конвои со 55 лица до граничните премини на Албанија и Косово. Имаме најава за влез на повеќе од 200 лица со автобуси и приватни возила кои по разни основи биле заглавени на разни гранични премини. Во текот на денот на очекува нивно пристигнување, доколку се утврди нестандардна состојба со истите ќе се постапи согласно насоките од Миистерството за здравство, истакна Чулев.

Тој нагласи дка скопската полиција обезбедува 173 лица кои се во домашна изолација, а затворени се седум угостителски објекти и е дадена забрана за вршење на дејност.

-Во Битола 13 лица кои се во домашен карантин се обезбедуваат, во Тетово има 16 лица, а имало едно прекршување на таа мерката. Во Охрид се обезбедуваат 82 лица, а контролираните се 173 објекти. Во Струмица 12 лица се обезбедуваат и е утврдено дека едно лице ја прекршило забраната и против него е поднесена пријава. Во Куманово се обезбедуваат шест лица, а во овој град се контролирани се 40 објекти. Полицијата и понатаму ќе постапува согласно препораките дадени од Владата на Македонија. Одделот за специјални намени спречил 14 обиди за напуштање на кризното подарачје Дебар и Центар Жупа. Во овие две населени места има околу 130 припадници на МВР, а има и 65 припадници на АРМ кои го обезбедуваат Зелениот појас и даваат асистенција во овој дел на МВР, изјави Чулев.

Тој додаде дека затворени се сите гранични премини, а дозволени се само транзитни премини и влез за возила на дипломатскиот кор.

-Скопскиот аеродром ќе биде затворен утре, а МВР ќе ги стави на располагање своите возила од граничната полиција за потребите на АРМ. На дневна основа ќе ја известуваме Владата за сите мерки што сме ги презеле во изминатите 24 часа. Од утре сите Управни служби на МВР ќе работат со скратено работно време. Од вчера до 7 часот утринава во земјава влегле 2.019 лица, а 1.331 лица ја напуштиле земјава. Седум државјани кој беа задржани на крузер се донесени во земјава, а четворица се задржани на Инфективната клиника во Скопје, извести министерот Чулев.

 

Најнови вести