Министерството за здравство информираше дека во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица:
5 починати лица од Скопје (53г, 69г, 69г, 75г и 75г)
2 починати од Битола (74г и 85г)
2 починати од Велес (68г и 93г)
2 починати од Куманово ( 78г и 82г )
2 починати од Свети Николе ( 52г и 78г)
Едно починато лице од Кавадарци (57г)
Едно починато лице од Кичево (65г)
Едно починато лице од Македонски Брод (60г)
Едно починато лице од Неготино (73г)
Едно починато лице од Охрид (65г)
Едно починато лице од Прилеп (82г)
Едно починато лице од Радовиш (81г)
Едно починато лице од Ресен (63г)
Едно починато лице од Струга (83г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица од: Делчево (2), Скопје (1) и Пробиштип (1) на возраст од 56г до 79г.
Пријавените се починати во период од 04.01.2022 до 26.01.2022г. Од пријавените лица две се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=26), седум лица се целосно вакцинирани, а кај 19 се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.773.325 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 265.101, бројот на оздравени пациенти е 239.581, на починати е 8.338, а бројот на активни случаи изнесува 17.182.