Црна Гора се придружува на напорите за гаснење на пожарите во Македонија. Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора донесе одлука да го одобри барањето на министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац за упатување на хеликоптер Бел 412 како помош за Македонија за справувањето со пожарите, соопшти Министерството за одбрана.
Од Министерството посочуваат дека помошта од Црна Гора доаѓа како резултат на барањето упатено од министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзината црногорска колешка Оливера Ињац, а ќе биде имплементирана преку НАТО координативниот центар за одговор при кризи EADRCC. Помошта се состои од еден хеликоптер за гасење пожари Бел 412 и екипаж од четири лица.
Пристигнувањето на хеликоптерот се очекува утре, на 11 август, во утринските часови.