четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Д-р Мехмедовиќ: Против омикрон ќе заврши работа и трета доза вакцина

Д-р Мехмедовиќ: Против омикрон ќе заврши работа и трета доза вакцина

Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје смета дека, иако е рано, идно сценарио за четврта доза вакцина против коронавирусот сепак постои.

-Третата бустер доза ќе биде сосема доволна, кога е во прашање сојот омикрон. Постојат повеќе сценарија, во кои што омикрон се следи. Сепак, тоа е нов сој и следењето на каратеристиките може да изреализира неколку сценарија, вели Мехмедовиќ во изјава за ТВ Канал 5.

Според него, треба да бидеме подготвени во секој случај, без разлика на тоа која варијанта на вирусот е доминантна во моментов.

-Постојат можности за четврта доза, вели Мехмедовиќ.

Најнови вести