сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дали двајцата судии и поротниците кои во петокот го водеа „Монструм“ ќе заминат во самоизолација?

Дали двајцата судии и поротниците кои во петокот го водеа „Монструм“ ќе заминат во самоизолација?

Ќе има ли изолација за судијата Огнен Ставрев, како и останатите кои учествуваа на петочното рочиште за предметот „Монструм“, откако тестот на ковид-19 за обвинителот Гаврил Бубевски се покажа позитивен? -прашува Република.

Последното рочиште за случајот се одржа во петокот, кога сведочеше веќе пензиониран инспектор од МВР, но засега во изолација е испратена само колешката од обвинителството, Фатиме Фетаи, која заедно со Бубевски го води случајот за масакрот кај Смилковско Езеро.

Обвинителката за „Сител“ вели дека во следниот период ќе биде во излоација затоа што во текот на минатата недела имала две судења со Бубевски.

Од скопското ЈО, пак, каде работат двајцата обвинители засега нема информација дали некои од тамошните вработени ќе одат во изолација поради близок контакт со Фетаи и Бубевски. Меѓу нив е и судијата Огнен Ставрев, кој е задолжен за „Монструм“.

И во Апелациониот суд има одложување на судски процеси поради заразени со коронавирус на неколку судии и технички персонал.

Најнови вести