Адвокатите кои добро ги познаваат судиите коментираат за некои од нив дека не можат да ги препознаат во судница кога се судат некои од политичките процеси, како што е на пример судско- политичкиот процес на СЈО. Еден таков случај е судјата Бошевски, објавува порталот ДЕНЕШЕН.
За него, како што дознава Денешен, од тројца адвокати кои побараа да останат анонимни, во минатото имаше мислење дека е еден од најпрофесионалните и совесни судии, дека е многу смирен, сталожен, сериозен, се држи до законот и неосудува некого без цврсти докази дека е виновен.
Но, сега велат адвокатите, не можеме да го препознаеме.
-Најпрвин бевме изненадени кога се најде на листата на партиските судии кои треба да ги судат функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, што секому му е јасно дека е еден политички процес со политички цели, а без правна подлога. За таа цел, незаконски прибавените аудио снимки со притисок врз поранешниот претседател на апелациониот суд Светлана Шопова се прогласија за законски доказ, надвор од сите законски норми и меѓународни искуства. Свесни дека и тоа нема да им помогне, се отиде на следен чекор, со кој се сменија сите судии и се постави нов тим на проверени и докажани партиски луѓе на СДСМ во редот на судиите, вели еден од адвокатите кој инсистира на анонимност, пишува порталот.
Најголемо изненадување за повеќето адвокати било името на Горан Бошевски.
-Кога не’ прашаа обвинетите каков судија е овој, повеќето од нас кажавме дека е професионален и политички непристрасен. Барем за таков важеше. Денес не можеме да го препознаеме. Од еден смирен и сталожен судија гледаме еден нервозен човек, човек кој со значително повишен тон и викање се обраќа кон одбраната, а преде како маче кога се обраќа кон обвинителите. Од еден самоуверен судија се претвори во судија кој со шепотење ги објавува незаконските и очигледно одлуки кои ги носи под политички притисок за кој мислевме дека нема да го прифати. Од еден стручен судија, гледаме човек кој си го гази сопствениот интегритет и нема храброст дури да не гледа ни во очи кога ни одговара на нашите барања и преставки, отфрлајќи ги без основ, вели за Денешен друг адвокат.
Третиот адвокат за порталот, појаснува дека кај споменатиот судија колку и да се труди, многу е забелжлив притисокот кој го има од политиката. Според адвокатот тоа во никој случај не го амнестира од одговорност, но очигледно е дека прв пат си дозволил да стане инструмент на една политичка гарнитура на власт која спроведува политичко сценарио во судот.
-Последното рочиште го стави во многу непријатна ситуација. Очигледно е дека претходно бил сериозно опоменат да тера побрзо и безкурполозно како и поголем дел од неговите колеги, и очигледно имаше добиено норма што треба да ја одработи, а тоа беше да почне емитувањето на снимките по секоја цена. Не можам да поверувам што на ова рочиште одби и отфрли и што се погази Горан . Дури и барањето камерата при снимањето на судскиот процес да ги опфати сите актери во процесот, а не само обвинетите и нивната одбрана го одби. А тоа е законска обврска. Од срам да не се снимаат што прават во салата, да не се снимаат како им дошепнуваат и соработуваат со обвинителите, судиите, спротивно на закон камерите ги наместија на таков начин да не се гледа судијата, да не се гледа на камерата ниту СЈО, туку само обвинетите и адвокатите, што е целосно спротивно на законот, велат адвокатите за Денешен.