Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.
Во црквите, овој ден отсекогаш бил одбележуван со света Литургија и панихида, на која свештеникот истура вино над житото, а по завршувањето на службата се посетуваат гробиштата.
На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.
Неделата пред Прочка се вика Месопосна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади зашто на тој ден се запокладува (запостува) со месо, месни производи и свинска маст.
Овој период од седум дена од месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи, а некои ја викаат и Бела недела.
Од сирни Поклади што се совпаѓа со Прочка започнува да не се јадат и млечни производи и започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Велигден.