Од здравствените работници кои работат и се на испомош на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов 10 се позитивни, двајца се во изолација, информираат за МИА од Министерството за здравство.
На Клиниката, како што посочуваат, работат вкупно 40 медицински сестри, а 11 се на испомош. Во Модуларната болница до Инфективната клиника, пак, работат три медицински сестри, а 14 се на испомош.
Заклучно со вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во моментов има 297 активни случаи меѓу здравствени работници. Од почетокот на здравствената криза со коронавирусот вкупно позитивни на вирусот биле 527 здравствени работници, а 12 од нив починале, потенцираат од Министерството за здравство. (МИА)