понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дескоска: Трет пат ме реконструираат и ми ја отежнуваат работата во МОН

Таа се пожали дека  постојаното споменување на нејзиното име како дел од новите решенија во реконструираниот владин состав и ја отежнува работата на актуелната функција во МОН.
Дескоска: Трет пат ме реконструираат и ми ја отежнуваат работата во МОН

Министерката за образование Рената Дескоска денеска изјави дека очекува за две недели да бидат познати решенијата во однос на реконструкцијата на Владата што ја најави премиерот Зоран Заев.

Таа се пожали дека  постојаното споменување на нејзиното име како дел од новите решенија во реконструираниот владин состав и ја отежнува работата на актуелната функција во МОН.

– Веќе трет пат ме реконструираат. Да почекаме набрзо ќе бидат познати решенијата што ќе бидат договорени. Инаку, цело време циркулирањето на моето име кога ќе се спомене реконструкција не ми го олеснува работењето во Министерството, бидејќи секогаш има една група која сака полежерно да работи и очекува дека ќе ме реконструираат. Така што, да почекаме за една недела – две, сигурно ќе се знае, рече министерката Дескоска на прашањето во врска со спомнувањето на нејзиното име како кандидат да го преземе Министерството за правда. (МИА)

Најнови вести