сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Детали за евакуацијата на Попова Шапка

Детали за евакуацијата на Попова Шапка

СВР Тетово информира дека вчера во 12 часот и 40 минути, Б.А.(35) од Скопје пријавил дека поради големи снежни навеви, бил отсечен пристапот до неговата викендичка на Попова Шапка.

Во викендичката се наоѓале тој со сопругата и две малолетни деца.

-Поради снежните наноси тие биле се во можност да излезат надвор и да заминат кон Скопје. Б.А., исто така, кажал дека во викендичката немаат електрична енергија и дека веќе немаат резерви од храна и огрев, информират портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Веднаш по пријавата, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка се упатиле кон викендичката за да ги евакуираат лицата, а во меѓувреме во координација со локалната самоуправа е ангажирана и потребната механизација за пробивање на пат, по што лицата со возило на Секторот за внатрешни работи Тетово се пренесени до нивниот дом во Скопје.

Најнови вести