недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Детали за сообраќајката на патот Радовиш-Штип: Повредени 11 лица, сите се возеле во еден автомобил!

Детали за сообраќајката на патот Радовиш-Штип: Повредени 11 лица, сите се возеле во еден автомобил!

На 12.07.2020 околу 20.35 часот на магистралниот пат Радовиш – Штип, на место викано „20-ти километар“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од возач кој го напуштил местото на настанот, товарно возило „даф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(61) од с.Булачани, скопско и патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Е.К.(50) од Штип.

Во незгодата, со повреди се здобиле 11 лица мигранти (10 од Пакистан и 1 од Авганистан), кои се превезувале во патничкото возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, Е.К. и Т.К.(85) од Штип, совозач во патничкото возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, кои биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Штип.

Најнови вести