петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитров за „погрешното толкување на историјата“ треба да си даде оставка

Димитров за „погрешното толкување на историјата“ треба да си даде оставка

Нацрт документот во кој стои реченицата „барања засновани на погрешно толкување на историјата“, доставен до сите членки на EУ како резултатот на недостатокот од заземање на дипломатски приоди од страна на Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања, резултираше со други земји од ЕУ да ги бранат позициите на Македoнија наместо тоа да го направи Димитров како владин функционер платен од граѓаните, по ова Димитров чесно е да си даде оставка или биде зазрешен од функцијата.

Крајните заклучоци од Советот на министри на ЕУ за кои Бугарија наназад неколку недели бараше да стои „погрешно толкување на историјата“, во последниот нацрт пред два дена им беше поднесен на амбасадорите на земјите членки на ЕУ за да биде дистрибуиран во сите земји членки, па истата реченица беше додадена дури во преамбулата на нацрт заклучоците.

Австрија, Чешка, Словачка, но несомнено и други земји кои се на стојалиште дека Унијата премногу и попушта на Бугарија, вчера го блокираа овој нацрт документ, истите се на страната на Македонија и против реченицата „погрешно толкување на историјата“.

Димитров освен Преспанскиот договор, договорот со Бугарија, но и блокадата за усвојување на преговарачката рамка за Македонија кои ги преживеа под огромни критики кон јавноста, нацртот кој вчера беше блокиран од овие земји, а за кој Никола Димитров ниту нешто објави, ниту мрдна со прст, дозволи како вицепремиер наместо тој да ги брани интересите на земјава, други членки на Унијата тоа да го сторат за него.

Димитровата експертиза изгледа е рушење на позициите на Македонија и повторно недоглед на преговорите за влез во ЕУ, како и неставање на интересите на државава во преден план кога станува збор за надворешната политика. Димитров несомнено е дека или не знае како се тера дипломатија или чека некој друг да ги одбрани нашите интереси, затоа што тој нема интерес тоа да го прави.

Имено овие заклучоци го користат само долгото име, „Република Северна Македонија“, како што бара Бугарија, која смета дека краткото име на земјата носи со себе ризик од иредентизам. Но, од исто време реториката на Софија изобилува со негирачки и крајно иредентистички пораки и изјави, а нашиот вицепремиер немо молчи за истите како да ни се прилог.

По големиот број на неуспесите на Никола Димитров и власта со кои ја ставија Македонија во уште подредена позиција пред цела Европа треба да доживее изгласување на интерпелација и оставка на вицепремиерот кој се однесува како владин функционер за ненационални прашања и себенегирање.
Вакво нешто е само по себе неверојатно, а веројатно е и единствен вицепремиер за европски прашања и дипломат на некоја земја кој не се грижи за националните интереси, па неговата работа мора да ја вршат други земји кои не се согласуваат со ваквиот став на Бугарија, затоа чесно е Димитров да си замине по бројните скандали во дипломатијата кои им ги приредува на македонските граѓани.

Најнови вести