Директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски е во самоизолација поради контакт со лице позитивно на КОВИД-19.
Како што соопшти, во моментов нема никакви симптоми, но ќе направи корона тест.
-Моменталната состојба е променлива и многу непредвидлива, коронавирусот ни наметна нови начини и услови на кој сите мора брзо да се прилагодуваме. Поради контакт со лице позитивно на КОВИД-19, во следните неколку дена одам во самоизолација, по што ќе направам и тест. Во моментов, немам никакви симптоми и се чувствувам одлично. Но, самоизолацијата ги менува моите секојдневни планови и обврски кои веќе ги имав испланирано за наредните денови. Се извинувам за сите откажани состаноци, планирани средби, настани. Здравјето и безбедноста на луѓето со кои имам секојдневни средби, семејството, блиските соработници, вработените во Агенцијата се приоритет. Ова ќе помине, да се чуваме, да носиме маски и заштита. Бидете здрави и живи сите, ова ќе помине а ние ќе бидеме посилини, наведува Бабовски. (МИА)