среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Директорот на ПОЦ за масовната тепачка: Се тепаа пријателите од мојата маса, јас само гледав

Директорот на ПОЦ за масовната тепачка: Се тепаа пријателите од мојата маса, јас само гледав

Директорот на ПОЦ Васко Кичевски, ја демантира информацијата објавена во медиумите дека бил нападнат во кафеана во Дебар Маало.

Вели дека тој не се тепал, само седел на масата, а информациите кои ги објавиле медиумите штетеле на неговиот углед.

Демантот го објавуваме во целост:

Во текот на денешниот ден 11.08.2021 година на порталот СДК беше објавен текст со наслов „ВО КАФЕАНА ВО ДЕБАР МААЛО НАПАДНАТ ДИРЕКТОРОТ НА ПОЦ ВАСКО КИЧЕВСКИ, ВО ГРУПНА ТЕПАЧКА СО СТАКЛО ПОВРЕДЕНИ И ГОСТИ“ во кој беа наведини неточни информации кој го рушат мојот углед и угледот на претпријатието со кое управувам.

Би сакал најострого да ја демантирам оваа информација за било каква инволвираност од моја страна во вчерашиот инцидент кој се случи во ресторанот Дебар Мало.

Имено сакам да ја информирам јавноста дека јас не учествував во инцидентот иако се случи на масата на која што седев. Двајца за мене непознати лица дојдоа во ресторанот и ги нападнаа и повредија моите пријатели.

За овој инцидент има и видео запис како доказ на кој јасно се гледа дека јас бев само сведок на немилиот настан. Барам извинување од порталот СДК и корегирање на текстот бидејќи нити бев нападнат нити учествував во инцидентот.

Инцидентот е веќе пријавен во МВР и во наредните денови ќе се расчисти случајот и правдата ќе биде задоволена.

Најнови вести