среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Додека министерот и градоначалникот си ја префрлаат топката, деца од Идризово не почнале со училиште

Додека министерот и градоначалникот си ја префрлаат топката, деца од Идризово не почнале со училиште

12 ученици Албанци од Идризово се уште не почнале со настава и не фигурираат како запишани во ниту едно училиште.

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, вели дека директорот на училиштето поднел барање до министерството за образование за отворање паралелка на албански јазик.

Министерот за образование Арбер Адеми го демантира Георгиевски и вели дека не добиле такво барање.

„Апсолутно тоа не е вистина. Такво барање не е доставено до министерството. Чекаме да достават барање за да може да се отвори паралалке за шесто одделение во О.У “Његош“ во Јурумлери. Последнава недела воопшто не сме разговарале за ова, бидејќи преговорите се одвиваат на друго ниво и не со општината“. Загрижени за изгубената настава, децата импровизираат и ги повторуваат материјалите од петто одделение“, изјави Арбер Адеми, министер за образование.

Целата вест прочитајте ја на АЛСАТ

Најнови вести