сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Училиште во Турција ќе го носи името МАКЕДОНИЈА во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот

Училиште во Турција ќе го носи името МАКЕДОНИЈА во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот

Во турскиот град Малатија, кој беше еден од погодените од катастрофалниот земјотрес во Турција во февруари годинава, ќе биде изградено училиште кое ќе го носи името на нашата држава, а училниците, 32 на број, ќе бидат именувани по македонските градови, информираат од Црвениот крст на РСМ.

Училиштето ќе биде изградено со поголемиот дел од средствата кои македонските граѓани ги донираа во хуманитарната акција на Црвениот крст за помош на настраданото население во Турција и Сирија.

Турција и Сирија на 6 февруари годинава беа погодени од катастрофален земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе, а илјадници други беа повредени и оставени без покрив над главата.