понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Доктор Пановски: Епидемиолозите под наредба или ургенција иако знаеја дека бројот ќе расте, рекоа дека се е под контрола

Доктор Пановски: Епидемиолозите под наредба или ургенција иако знаеја дека бројот ќе расте, рекоа дека се е под контрола

Професор Доктор Никола Пановски, микробиолог, вечерва во „Топ тема“ во Телма телевизија, а во врска со состојбата со коронавирусот, истакна дека епидемиолозите знаеле дека ќе се покачи бројот на заболени, но како под наредба или ургенција излегле на прес конференција на 25-ти мај да кажат дека се е под контрола.

Докторот вели дека не требало да потпаднат под притисок.

-Епидемиолозите знаеја дека бројот ќе расте повторно, но излегоа на прес конференција на 25 мај и кажаа дека се е под контрола, како да имаа некоја наредба или ургенција што мене како доктор ми пречи, затоа што требаше да останат со науката и да не подлегнуваат на притисоци… Се виде евидентно дека од први мај наваму дека бројот расте, се виде каде расте и каде ќе продолжи да расте, не се направени превентивни мерки кај населението, не се реагираше остро кога требаше, како кај ифтарските вечери, вели доктор Пановски.

Пановски вели дека на верските празници им се даде предност пред здравјето на луѓето. Пановски критикуваше дека требало уште тогаш сите чинители како техничкиот премиер кој тогаш рече дека не сме можеле да се спротивставиме на некои верски обичаи коишто ги имаме, како и дека истото дало стимул кај населението за разлабавување на однесувањето на луѓето.

Доктор Пановски исто така истакна дека во моментот кога требаше да се разлабави работата и мерките, но само онаму кадешто имаше по 5 случаи, да се ослободат тие општини, и да се наградат, тоа не се случи.

-Не требаше да се укине полицискиот час, како останат дел од мерките за пензионерите и превозот, истакна тој.

Пановски посочи во однос на карантинов викендов дека луѓето не се виновни затоа што никој не сака да седи во стан 80 саати, туку дека потклекнале надлежните во однос на справување со состојбата со вирусот.

Најнови вести