Доктор Синиша Стојаноски објавува актуелни информации поврзани со отпорноста на Corona вирусот SARS-CoV-2, причинителот на COVID-19.
Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:
Според најновите испитувања (медицина базирана на докази), станува збор за исклучително отпорна варијанта на вирус кој што се задржува во активна форма:
▪️на алуминиум од 2 до 8 часа;
▪️на хируршки ракавици до 8 часа;
▪️на челични површини до 48 часа;
▪️на стаклени површини до 4 дена;
▪️на дрвена површина до 4 дена;
▪️на хартија 4 до 5 дена;
▪️на пластика до 5 дена;
▪️на асфалт дури и до 7 дена;
⛔️Можноста да дојдеме во контакт со вирусот и да се заразиме постои и кога нема болни лица во наша непосредна близина;
⛔️Доволен е контакт со површините на кои што е присутен вирусот;
❗️❗️❗️ Факт: на вирусот му беа потребни 45 дена од појавата на првиот случај за да постигне број од 100000 заразени, а само 12 дена за да постигне број од 200000 заразени….
✅ Затоа, најдобар начин да се заштитиме себе и останатите е да ги следиме во целост препораките на Светската Здравствена Организација;
✅Строго да се одржува хигиената;
✅Да го ограничиме движењето освен кога се работи за неопходна потреба;
Од секој од нас зависи!!!