По 18 години во владина коалиција, ДУИ заминува во опозиција.
По вчерашниот договор кој го постигнаа ВМРО-ДПМНЕ, АА, Алтернатива, БЕСА и Левица, партиите обезбедија мнозинство во Собранието. Тоа е доволно за гласање на недоверба и смена на власта.
СДСМ потонува и со оставките на Зоран Заев, а со себе го повлече и ДУИ. Затоа Ахмети обелодени дека по изборната ноќ, имал тензичен разговор со Заев.
-Имавме доста тензичен разговор со Заев, дека не се согласувам со таквото движење, со неговата оставка од партијата и претседател на Владата. Му ги нагласив силните позиции на ДУИ. Овие се локални избори, ние пред 1 година победивме на општите избори и добивме мандат за да раководиме со политиките на државата. Така да и денеска повторно разговарав со Заев, му реков дека не можеме да направиме компромис за големи работи, за тој да се повлече. Да се разгледа во неговата партија оваа одлука која според мое мислење е забрзана и неоснована, рече тогаш Ахмети.
Синоќа по обелоденување на веста дека формирано е ново мнозинство во Собранието, од ДУИ се јавија со голема загриженост.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, реагираше на објавеното ново парламентарно мнозинство од опозицијата и Беса, како и на пишувањата на медиумите дека за првпат по 18 години ДУИ оди во опозиција.
„Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите партии, освен оние кои го негираат Охридскиот договор, Преспа, добрососедството, НАТО, Република Косово и Албанците.
Исто така, за актуелните случувања сум во контакт и координација со нашите стратешки партнери, Соединетите Американски Држави, НАТО и Европската Унија.
Нема да постапуваме ниту со емоции ниту во еуфорија.
Имам многу повици, наредби и поддршка од сите страни, ви благодарам и не можејќи да ви одговорам на сите, ви велам дека заедно ќе успееме“, напиша Ахмети на Фејсбук.
По што жали ДУИ?
Во Владата на СДСМ, ДУИ има 6 министерски и 106 директорски места. Сопартијците на Ахмети имаат 206 места во управни одбори и комисии, 306 тендери годишно, 1006 вработувања на договор на дело.
Али Ахмети, Артан Груби, Талат Џафери, Фатмир Бесими, Ејуп Рустеми…. заминаа во опозиција.
Заслугите на Ахмети за доаѓањето и останувањето на Заев се огромни. Во 2017 година кога на изборите победија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ тој го прекрши правилото победник со победник во македонскиот и албанскиот блок да коалицираат при состав на владата.
Тоа правило веќе е прекршено и Ахмети веќе нема право да се повикува на никаков Мајски договор и ВМРО-ДПМНЕ може да се земе за партнер било која партија на Албанците без разлика дали освоиле најногу гласови во нивниот кампус.