Дури 23% од направените тестови за ковид-19 во последните 24 часа се позитивни на вирусот, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Во последното деноноќие направени се 1 648 тестови, а од нив 383 биле позитивни.
И во изминатите два дена имаше висок број на нови случаи, но и бројот на тестови беше поголем.
Така, на пример, вчера имаше рекордни 393 позитивни случаи, но бројот на тестови беше 2 464. Од тука процентот на позитивни изнесуваше 16.
Ден претходно (за 8 и 9 октомври), пак, беа направени 2 267 тестирања, а бројот на нови случаи беше 286 или 17%.
Исто така 17% позитивни случаи од вкупниот број на тестирани имаше и во 24-часовен интервал од 7 до 8 октомври – 364 позитивни од 2 140 тестови.
На 6 и 7 октомври за ист временски интервал беа направени 1 990 тестови и 317 или 16% од нив беа позитивни.
Претходно, во период од 24 часа на 5 и 6 октомври процентот на нови случаи изнесуваше 12 односно 226 позитивни од 1 841 тестови.