Дури 35,3%% од направените тестови за ковид-19 во последните 24 часа се позитивни на вирусот, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Во последното деноноќие направени се 2.449 тестови, а од нив 865 биле позитивни.
-Направените 2449 теста се преку: ИЈЗ-809, ЦЈЗ Скопје-124, Авицена-470, Биотек-239, МАНУ -179, Жан Митрев (Филип Втори) -171, Систина со PCR метода -202, лабораторија Лаор –124, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-11, ГАК-0, Синлаб-42, Ремедика-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 251.848 тестирања на Ковид -19, информираат од ИЈЗ.
Инаку, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 32436, бројката на оздравени пациенти е 21.090, на починати е 1.004, а бројот на активни случаи изнесува 10.342.