понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Душко млекарот жестоко до Заев: Премиере не се сликајте само со тутунарите, одете и прашајте ги другите земјоделци дали земале субвенции за 2017 година

Душко Илиевски познат како Душко Млекарот секојдневно го критикува работењето на СДСМ како и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, а овој пат тој на својот ФБ профил јавно го праша Заев кога ќе се исплатат субвенциите за 2017 година.
Душко млекарот жестоко до Заев: Премиере не се сликајте само со тутунарите, одете и прашајте ги другите земјоделци дали земале субвенции за 2017 година

Тој во својот ФБ пост објавен неодамна жестоко го запраша Заев зошто само се слика со тутунарите, а ги заборава сите останати земјоделци? И зошто се уште не се исплатени субвенциите за тековната година која веќе е на крај.

-Цуцуловски ја објави цената на тутунот и таа изнесува 209,5 денари и ќе има зголемување и на субвенциите бидејќи најголемото гласачко тело се тутунарите, а истото ова го направи и Груевски во 2006 година кога вети за тутунарите 1 евро субвенции за еден килограм. Овие исти постапки ги прави сега и премиерот Зоран Заев по постапките на Груевски оди и се слика по пунктовите. Дали во Македонија има само тутунари? Каде се лозарите, каде се јаболкарите од Ресен, од Росоман со праските и кајсиите, каде се земјоделците, сточарите, каде е Заев да каже колку пченица се има продадено до сега, каде е да каже нешто за јачменот?

Почитуван премиере одете сликајте се и со овие земјоделци, дајте им повисока цени и повисоки субвенции не само да се сликате во тутунскиот комбинат, одете сликајте се со другите земјоделци, одете да се сликате во Пелагонија да видите уште колку сточен фонд има и прашајте ги сточарите дали имаат земено субвенции за 2017 година и зошто не се исплатени истите?

Инаку Душко млекарот во друг ФБ пост јавно го критикува и Цуцулоски кој е подрачен министер за земјоделие во Битола кој е поставен на таа функција без работно искуство и ниеден ден работен стаж, ниту познавање ни од земјоделие ниту пак од сточарство. Тој јавно го праша и кога ќе се исплатат субвенциите што не се исплатени за 2017 година за сточниот фонд и за млекото, бидејќи веќе доаѓа 2018 година.

Најнови вести