среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Двајца епидемиолози и двајца техничари од Центарот за јавно здравје – Скопје позитивни на коронавирусот

Двајца епидемиолози и двајца техничари од Центарот за јавно здравје – Скопје позитивни на коронавирусот

Двајца епидемиолози и двајца техничари вработени во скопскиот Центар за јавно здравје се позитивни на коронавирусот.

Директорот на ЦЈЗ Арбен Зибери на прес-конференција попладнево изјави дека тие се во добра здравствена состојба, на домашно лекување од каде ги извршуваат своите работни задачи.

-Нашите епидемиолози од дома телефонски вршат анкетирање, изјави Зибери, кој додаде дека сите останати епидемиолози во Центарот за јавно здравје се тестирани и се негативни на коронавирусот.

Запрашан за тоа во кои институции и компании се вршени тестирања на вработени, Зибери рече дека тестирани биле и вработени во Управата за јавни приходи, каде позитивна на вирусот е директорката Сања Лукаревска, во Трудовата инспекција, каде имало еден вработен позитивен на коронавирусот, како и вработени од неколку институции на Градот Скопје, од каде исто така има неколку кластери.

-За среќа кластерите ни се познати, изјави Зибери. (МИА)

Најнови вести