вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Две третини од заразените во Македонија се со делта сој, следната недела нова анализа

Две третини од заразените во Македонија се со делта сој, следната недела нова анализа

Следната недела се очекува нова анализа од Институтот за јавно здравје и МАНУ за тоа колкумина од заболените се со Делта сојот. Последната анализа, според министерот за здравство Венко Филипче, покажала дека две третини од заразените биле со Делта сој.

Протоколите за лекување на лицата со Ковид-19 се донесени уште минатата година, а ревидирани се во март годинава, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со забелешките на лекарите дека нема протокол за овој бран на Ковид-19.

-Тоа сето е согласно сите препораки за лекување на овие пациенти. Тоа е протокол кој важи на територија на цела држава, во сите болници. Во сите болници ја има целата терапија, скапиот лек „Ремесвир“ кој што го набавивме уште за време на претходниот бран е насекаде дистрибуиран и во сите ковид центри го има. Што значи дека протоколот е унифициран, рече Филипче.

Според него, има голем број пациенти кои доцна се јавуваат на лекар.

-Има една одредена бројка на луѓе кои ги занемаруваат симптомите. Затоа апелирам сите да се јават и кај матичните лекари и во болнички установи ако забележат макар и најлесни симптоми, вели Филипче.

Во однос на бројката на починати, министерот рече дека и за време на овој бран огромен број од починатите се со хронични болести и тоа најчето на кардиоваскуларниот систем и на белите дробови.

 

Најнови вести