четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Двете лица од Тетово заразени со Делта сојот на корона немаа никакви симптоми

Двете лица од Тетово заразени со Делта сојот на корона немаа никакви симптоми

Без симптоми се двете лица од исто семејство од Тетово кај кои е откриен делта сојот на Ковид-19, информираат денеска од тетовскиот Центар за јавно здравје. Освен што немаат никакви симптоми од болеста, карактеристично е што кај нив случајно е откриено присуство на коронавирусот кој е од најновиот делта сој.

-Двете лица се од исто семејство и правеле ПЦР тест за да се вратат во Германија каде што работат и живеат. При тоа е откриено дека имаат Ковид-19 и дека е од делта сој. Двајцата се асимптоматски случаи и е постапено според соодветната процедура, ставени се во домашна изолација. Контактите, другите членови од семејствтото што се кажани се исто дома во изолација и сите се следат секојдневно, изјави епидемиологот во Центарот, д-р Сузана Субашиќ.

Во Тетово има 24 активни случаи на болни со Ковид-19, а во Клиничка болница нема луѓе кои се на болничко лекување.

Најнови вести