Илирида ќе ја водиме по економските стапки на Швајцарија, порачува Движењето за Илирида.
Движењето за Илирида, покрај платформата за политички решенија, исто така изготви и програма за економски развој. Тоа е програма прилагодена на природните услови и ресурси кои ги има на располагање територијата на Илирида, објавува АЛМАКОС.
Економско развојната програма ќе започне со реализација после промените во образовната програма, која ќе биде приспособена да подготвува кадар за фабриките што ќе се отворат на територијата.
-Носители на развојот ќе бидат постоечките капацитети, кои ќе им се даде можност да ги удвојат капацитетите, а друг носител на развојот ќе биде поддршката за странските инвеститори кои се во можност да изградат производствени капацитети, воглавно за извоз, и на овие инвеститори однапред ќе им се подготвуваат професионални кадри. За пласирање на производите надвор од земјата ке биде основана агенција со професионални промотори кои ќе бидат анагжирани за наоѓање странски пазари, за продавање на домашните производи надвор од земјата. Домашните производи ќе прераснат во брендиран квалитет, анализира порталот.
Програмата се заснова на тоа во секое населено место да има фабрика, за целото население да се вработи. Нашата програма за решавање на невработеноста на населението не се базира на вработување во администрација, туку во фабриките, каде ке биде вработена армијата невработени. За четири години невработеноста ќе се намали до 15%. Како и животниот стандард брзо ќе се зголеми, така што најниската плата ќе биде израмнета со платите на земјите во централна Европа, пишува во програмата на Движењето за Илирида.
Исто така, ќе се ослободи локалната власт од пренатрупаната администрација. Ќе се воведе подруго работење со кое институцијата заменик ке биде избришан од функционалност.
Ова е само еден сегмент од економско развојната програма. Движењето за Илирида е посветено на тоа вековната болка, како што ја вика народот црна туѓина, да биде целосно искоренета од нашиот регион.
Нивната програма е поамбициозна од програмата за работа на македонската Влада предводена од СДСМ и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети. Во Македонија изминативе месеци никој не работи на привлекување инвеститори и отворање на нови работни места. Наместо економски просперитет, економијата во земјава оди само надолу.