четврток, 14. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Џафери контра Заев: Седница за распуштање на Собранието ќе свикам во среда

Џафери контра Заев: Седница за распуштање на Собранието ќе свикам во среда

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва на интервју во Канал 5 телевизија истакна дека седница за распуштање на Собранието ќе свикал во среда по роковите определени во Уставот и законите.

-Јас не знам кој што толкува, јас не толкувам, јас спроведувам што пишува, од моментот на распуштање на Собранието, во тие 60 дена во решението, јас треба да определам роковник што ќе се случи во тие денови и да определам ден за гласање. Во овие 60 дена јас треба да ги пресметам сите рокови според Изборниот законик и гласањето да падне во недела, а не смее да биде 61 ден туку мора да се совпаѓа, вели Џафери.

Тој вели според него во среда ќе се свика седница и Деловникот дозволува да се свика седницата и самата на седница да се достави материјалот за истата. Вели дека секако ќе ја стави точката на дневен ред.

-Уставот пропишал рокови за редовни и рок за предвремени избори.  Редовните избори се одржуваат во последните 90 дена на тековниот мандат на Собранието , а за предвремените избори се е врзано за денот на распуштањето на Собранието. Прво треба да се случи распуштањето да престане мандатот на Собранието како колективитет и Уставот го задолжува претседателот на Собранието во рок од 60 дена од распуштањето да се одржуваат изборите, истакна Џафери.

Тој исто така посочи дека лидерите на политичките партии се договориле избори да има на 12-ти април, и тоа предизвикува претходни дејствија од законот за Влада, ако тие се договориле за тој датум тој води сметка роковите да бидат според Уставот и законите.

-Јас ќе свикам седница, а кој ќе биде исходот од тоа зависи од пратениците, рече Џафери.

Најнови вести