Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги одложи своите активност поради тоа што ќе присуствува на комеморативната седница во Собранието на Косово за починатиот косовски активист за човекови и национални права, Адем Демачи.
Кабинетот на претседателот на Собранието Џафери утринава информираше дека неговите денешни активности нема да се одржат.
Претпладнево во 9:30 часот пред Џафери свечени изјави требаше да дадат новоизбраните членови на ДИК, а потоа тој имаше закажано и средба со романската премиерка Виорика Данчила.