Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ на својот Фејсбук профил напиша дека во договорот со Грција е постигнато нешто што е признаено уште опред 40 години, а денеска тоа се претставува како најголем бенефит од преговорите.
-Со резолуција на УНГЕГН при ООН македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се признати уште во 1977 година и тоа сред Атина. Толку! Значи, постигнавме со Грција нешто што е постигнато уште пред 40 години, а денеска го претставуваме како најголем бенефит од преговорите, напиша Јачева-Улчар.