Македонија се соочува со трет бран на коронавирусот кој е мошне силен и секојдневно имаме над 1000 случаи и по десетици починати.
Доаѓањето на вакцините е сам мал зрак на надеж дека наскоро ќе излеземе од оваа состојба, а на оваа тема говореше епидемилогот Даниловски во Студио 1 на ТВ 24.
Според него, доколку се продолжи со ова темпо на заразеност, есенски бран на пандемијата од коронавирусот нема да има во земјава.
-Дури и денеска да дојдат два милиони дози на вакцини, ќе се соочиме со потешкотија. Треба да се знае дека ефектот на тие вакцини ќе биде за два до три месеци. Сметам дека со легла нема да имаме проблем, но треба да помогнеме на здравствените работници, истакна Даниловски.