вторник, 23. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Еве како Заев во 2016 година се колнеше дека нема да дојде до промена на името (ВИДЕО)

Еве како Заев во 2016 година се колнеше дека нема да дојде до промена на името (ВИДЕО)

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година се колнеше дека нема да дојде до промена на името на Македонија.
Имено при едно негово интервју за една локална кумановска телевизија на прашењето дали може да дојде до промена на името на Република Македонија, Заев го одговори следното:

-Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко, сите мои предци, јас, мојот син, ќерка сме Македонци, родени овде во Македонија, тоа не може да се случи. И ее само тоа, верувам дека постои роден човек во Македонија да излези пред Парламент и да бара промена на Устав заради промена на уставното име, изјави во 2016 година лидерот на тогашната опозиција СДСМ, Зоран Заев.

_Човекот кој се колне во најмилото –и лаже не смее да одлучува за тебе! На 15-ти Јули Македонија е во твоите раце, стои во објавеното видео на каналот на ЈуТјуб на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести