понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕВН Македонија донираше возило за здружението „Мобилност Тетово и Гостивар”

ЕВН Македонија донираше возило за здружението „Мобилност Тетово и Гостивар”

ЕВН Македонија донираше возило наменето за задоволување на потребите на лицата со телесен инвалидитет, членови на здружението „Мобилност Тетово и Гостивар“.

Возилото кое носи порака „Со љубов за полесно движење”, ќе се користи за превоз на лицата со телесен инвалидитет при лекарски прегледи, настава и други социјални активности.

-Веќе три години живеам во Република Македонија и сметам дека е прекрасна земја, но сепак би рекол дека нема многу добри услови за лицата со посебни  потреби. За тоа не смееме да впериме прст само во државата и во локалната самоуправа, некогаш треба и граѓанското општество и компаниите да направиме нешто за подобрување на тие услови, рече Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

-Како одговорна компанија сме горди што со овој чин и преку соработката со граѓански здруженија и организации придонесуваме за подобрување на условите за лицата со посебни потреби, додаде Петер на примопредавањето на донацијата.

На настанот присуствуваше и Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, која изрази благодарност за донацијата.

„Ми претставува задоволство што со донацијата на ЕВН Македонија се прави добро дело за здружението „Мобилност Тетово и Гостивар“ кое има секогаш поддршка и од општината. Се надевам дека во иднина ќе имаме и други компании кои ќе се вклучат во проекти што ќе им помагаат на лицата со посебни потреби и ќе придонесат тие да не се чувствуваат дискриминирани.”

Возилото ќе го користат над 700 членови на здружението „Мобилност“ од регионот на Гостивар и Тетово, како и соседните општини за што посебна благодарност изрази и Велибор Јаќимовски, претседател на здружението. Инаку, иницијативата за набавка на возилото за лицата со посебни потреби е на пратеничката на СДСМ, Ѓулумсер Касапи.

Најнови вести