четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипче ги заборави фармацевтите за вакцина против корона

Филипче ги заборави фармацевтите за вакцина против корона

Фармацевтите во Македонија извисени, министерот за здравство Венко Филипче не ги стави во приоритетната група која прва треба да се вакцинира со анти-ковид вакцините, за кои се очекува денес да биде потпишан договорот со кинеската компанија “Синофарм“.

Министерот Филипче пред неколку дена, на прес конференција, го презентираше националниот планот за имунизација од кинеските вакцини против Ковид-19, вакцини кои во Македонија се очекуваат да стигнат најбрзо. Во презентираниот план, предвидено е во првата фаза да се вакцинираат здравствените работници кои се во директен контакт со ковид-пациенти и лица над 70 години.

Но, иако и фармацевтите се категорија кои секојдневно се изложуваат на директни контакти со лица заразени на корона вирусот, тие не се предвидени да се вакцинираат во првата и приоритетна фаза на имунизација. Ти не можат да го избегнат контактите со лица позитивни на Ковид-19, било тоа да се симптоматски или асимптоматски носители, затоа што тие за да можат да се лечат треба од аптека да ги купат потребните лекови, односно потребната терапија.

Фармацевтските работници, како и лекарите и целокупниот здравствен персонал, се значајна алка во целокупниот синџир на третмани лекување на пациентите заразени на корона вирусот. Неизбежен им е секојдневниот контакт со лица позитивни. Ризикот на кои тие се изложени од заразување, но и ширење на ковидот е огромен, но сепак министерот Филипче смета дека оваа категорија не треба да биди меѓу првите кои треба да се вакцинира и на тој начин да се заштитат од корона вирусот.

Освен фармацевтите, во првично презентираниот план, изоставени беа матичните стоматолози и матичните гинеколози кои исто така се изложени на секојдневни директни конатакти со позитивни на ковид лица. Меѓутоа, откако овие реагираа дека се оставени за вакцинација во втората фаза, и откако го увиделе пропустот кој го направиле, вчера министерството за здравство да се јави со дообјаснување дека во првата фаза на имунизација, сепак ќе бидат вклучени и матичните стоматолози и гинеколози.

Ќе го увиди ли Филипче и пропустот што го направи и во однос на фармацевтските работници за кои не смета дека треба да бидат во приоритетната, прва фаза за вакцинација против Ковид-19 а кои, од друга страна, се изложени на секојдневни контакти со лица носители на вирусот?!

Најнови вести