Во моментов во државава на располагање има 300.000 вакцини, 115 илјади на АстраЗенека, 110 илјади на Фајзер и 100 илјади на Синовак, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
-Никогаш, ниту јас ниту бил кој здравствен работник во светот не сме кажале дека вакцината целосно штити од вирусот, одговори Филпче на новинарско прашање, додавајќи дека вакцината штити од тешка форма на болеста и од смртност.
-Околу 9% од смртните случаи се вакцинирани, но тоа се пациенти кои имаа тешка состојба и со сериозни коморбитети, посочи министерот.
Според него, трендот на вакциниранње во нашата земја се одвива со добра динамика.
Филпче додаде дека најголемиот број од пациентите во болниците се невакцинирани.