Состојбата со коронавирус пандемијата во државата е повеќе од 9 месеци, а ниту власта, ниту министерот за здравство Филипче не се способни да се надмине целата оваа ситуација. Последно кое е многу актуелно во јавноста е незадоволството на медицинскиот персонал од страна на власта и Филипче во овие тешки услови во кои работат.
Дел од вработените во здравствените установи не се задоволни бидејќи не се во групата за која следува помош иако работеле со заразени или суспектни на КОВИД-19. Како што може да се види власта доделила паричен надоместок само на дел од медицинските лица кои се во постојан работен однос, а ваква помош не добиле и лицата кои се вработени како договор на дело.
Според информациите од Самостојниот синдикат од 22 илјади здравствени работници во државата само 7 890 земале еднократна финансиска поддршка за третман на лица заболени од КОВИД-19, а другите 14 илјади останале без помош.
-Многу сме разочарани затоа што секогаш сме биле повеќе од желни да исполниме се што се бара од нас. Да одговориме на сите обврски што ги имаме максимално. Така беше во изминативе 9 месеци. Многу од нас се разболеа на работа, многу од нас бевме во карантин и не можевме да работиме, не покриваа колегите. Навистина сме мал број на луѓе и целата работа ја работевме без одмор. Така беше постојано и се уште е. Кога ни кажаа дека не сме во ниту една мерка навистина бевме разочарани, велат вработени во „8-ми септември“ за телевизија 21.
Од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита велат дека во понеделник ќе имаат средба со министерот Венко Филипче за да му укажат дека и на останатите работници треба да им се додели еднократна помош.
-Нашиот став е дека сите здравствени работници кои имале директен или индиректен контакт со заболени со Ковид 19 треба да бидат наградени. Според нас, на сите треба да им се додели барем 5 илјади денари, а за лицата кои имале директен контакт да им се додели 25 илјади денари, велат од Самостојниот синдикат за здравство.