недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипче тврди дека се вакцинирани околу 60.000 граѓани, од МЗ не го откриваат бројот на досега пристигнати вакцини

Филипче тврди дека се вакцинирани околу 60.000 граѓани, од МЗ не го откриваат бројот на досега пристигнати вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во Република Македонија досега наводно биле вакцинирани околу 60 илјади граѓани против Ковид-19, а во меѓувреме од министерството со кое токму раководи одбиваат да дадат одговор за тоа „колку дози на вкцини против коронавирус до овој момент вкупно од сите производители се пристигнати во Македонија?“.

Имено, министерот Филипче денеска по настан за донација од Словачка за Клиниката за детски болести, на новинарско прашање истакна дека во земјата досега биле вакцинирани околу 60 илијади граѓани.

-Досега вкупно се вакцинирани околу 60 илјади граѓани, а во таа бројка се и постарите лица над 70 години и вработените во критичната инфраструктура, изјави Филипче.

Од ваквите изјави на Филипче и со оглед на фактот дека секојдневно се информира дека вакцинацијата продолжува секој ден, единствено може да се заклучи дека во земјата пристигнати се повеќе од 60-70 илјади вакцини против Ковид-19.

Но, доколку се направи една мала пресметка на сите досега пристигнати дози на вакцини против Ковид-19 во Македонија, со бројот вакцинирани граѓани за кој што тврди министерот Венко Филипче, не се совпаѓа. Односно, бројот на вакцини со кој што располага до овој момент Република Македонија е помал, освен ако Филипче во оваа бројка на вакцинирани ги внесува и граѓаните кои што се вакцинирале во соседна Србија.

Бидејќи станува збор за јавен интерес од кој најмногу се засегнати граѓаните, Курир на двапати побара одговор од Министерството за здравство за тоа „Колкава е вкупната бројка на пристигнати вакцини против Ковид-19 (од сите производители) во Република Македонија?“, но одговор на ова прашање до овој момент нема, на што останува сомнежот дека министерот Венко Филипче свесно манипулира со бројот на вакцинирани лица или пак во вкупната бројка ги вбројува и граѓаните кои што се вакцинирале надвор од Македонија.

Инаку, пред малку само што пристигна информација од МЗ дека утре ќе пристигнат 200 илјади дози на вакцина на кинеската „Синофарм“ за што е предвидено да се оддржи и настан во Поликлиниката Јане Сандански во општина Аеродром.

Најнови вести