среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Филипче блеска, пациентите на Гинекологија  цел ден на парче леб и сирење

ФОТО: Филипче блеска, пациентите на Гинекологија  цел ден на парче леб и сирење

Во период кога сите очи на јавноста се свртени кон здравството, а власта и министерот Филипче се фалат дека се преземаат сите мерки за зајакнување на здравствениот систем со цел успешно да се справи со предизвиците, на површина излегуваат катастрофални недостатоци кои се недозволиви.

Деновиве на група на Фејсбук која е именувана како „Група на здравствениот срам“ беа објавени слики од доручекот на пациентите кои се сместени на Гинекологија, а како што може да се види од сликите истиот се состои од лепче и мало парче сирење.

Откако беше објавена сликата под истата можеа да се прочитаат и бројни коментари од луѓе кои се запрепастени од односот кон пациентите, но и такви кои мислеа дека можеби другите оброци им се подобри за отпосле исто во коментари да биде објавена и слика од вечерата  во ГАК која се состои од истото тоа лепче, но овојпат место парче сирење има чашка јогурт.

Најнови вести