На пристаништето во Охрид припадниците на Единицата за специјални задачи, Езерската полиција и Хеликоптерската единица, во склоп на одбележувањето на 7 Мај- Денот на македонската полиција и презентираа на јавноста дел од своите професионални можности, ефикасно справувајќи се со едно сложено вежбовно сценарио во водите на Охридското езеро.
Припадниците на МВР изведоа тактичко – показна вежба со напад на пловен објект заради совладување и лишување од слобода на опасни лица.
Во склоп на одбележувањето на Денот на полицијата, утре на градскиот стадион во Штип припадниците на МВР ќе ги презентираат своите можности преку низа показни вежби.