Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска заедно со Влатко Ѓорчев, Ана Лашкоска и Петар Ристески го посетија најголемиот комитет во Прилеп.
Денес заедно со Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) , Ана Лашкоска и Петар Ристески Претседател на OK ВМРО ДПМНЕ-Прилеп го посетивме МК Рид во Прилеп, најголемиот комитет во градот. Од Прилеп секогаш тргнувала победата, ќе тргне и сега. Тука пукна првата пушка 1941, тука народот беше масовно за Македонија 1991, тука ВМРО-ДПМНЕ секогаш силно победува. Прилеп е за промени. Тука оставштината на Пере Тошев, Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Блаже Конески и редица други е аманет за секој прилепчанец секогаш да биде на страната на Македонија. Овој пат Прилеп е за обнова. Обновата која доаѓа на 12 април ќе значи продолжување на сонот за подобра иднина. Сонот на илјадници македонци по 12 април ќе биде реалност. Македонија напредна. Македонија развиена. Македонија технолошки тигар на Балканот, стои во неговиот пост на Фејсбук.