вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

(ФОТО и ВИДЕО) ПРЕПОЛНИ ДИСКОТЕКИ, ЛУДИЛО ЖУРКИ, Доктор Лазаров: Сите што лудувате викендов, да не ме вознемирувате кога ќе почнат температурите

(ФОТО и ВИДЕО) ПРЕПОЛНИ ДИСКОТЕКИ, ЛУДИЛО ЖУРКИ, Доктор Лазаров: Сите што лудувате викендов, да не ме вознемирувате кога ќе почнат температурите

Последниот викенд во кој може да се органзиираат забави без ограничувања значеше полни ночќни клубови и дискотеки, кафеани од кои ечеше музика и се играше, гужжва без какво било почитување на дистанцата. Додека се зголемува бројот на новодијагностицирани, граѓаните кои одлучиле да се забавуваат не беа предомислени ниту од апелите на докторите. Вчера министерот за здравство рече дека 40 отсто од заболените дале епидемиолошки податок дека биле на некоја забава. Објавените фотографии го испровоцираа и доктор Ненад Лазаров кој за време на целата пандемија несебично излегува во пресрет на своите пациенти и никогаш не ги одбил ковид болните за прегледи.

„Сите што лудувате викендов по кафани,концерти и фестивали, од сега ви кажувам дека немам намера да дозволам да ме вознемирувате на полноќ кога ќе почнат глупостите со температури,главоболки и т.н. После вие паничете, ја немам намера, ве пратам шо праите и не ми се верува, напиша на фејсбук.

А сликата по клубовите е запрепастувачка.

Од Државниот пазарен инспекторат за Телма изјавиле дека дополнително ќе проверат дали и како се почитувале протоколите за заштита од Ковид-19, но и дека немаат ингеренции да реагираат кај посетителите, туку само кај организаторите.

„Понекогаш ни организаторите не може да ја држат ситуација под контрола зашто одговорноста кај посетителите не е на соодветно ниво. И така ги доведуваат организаторите во непријатна ситуација- Анета Симеска Димоска- в.д. директор на државниот пазарен инспекторат.

Најнови вести