сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Обвинителката Фатиме Фетаи вечерва доживеала сообраќајна несреќа, веднаш била префрлена во болница

ФОТО: Обвинителката Фатиме Фетаи вечерва доживеала сообраќајна несреќа, веднаш била префрлена во болница

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи доцна ноќеска во Топанско поле доживеала сообраќајна незгода.

Имено, насреќата меѓу две возила Поло и Сеат Ибица се случила на раскрсницата кај улицата Џон Кенеди, пишуваат албанските портали во земјата.

Според информациите, а како што пренесуваат медиумите, судирот не бил силен, направена е материјална штета и возачите се здобиле со лесни повреди.
Обвинителката, Фатиме Фетаи како што пишува ин7, со друго возило е однесена во болница на контрола, а нејзината состојба не треба да биде сериозна.

Фотографии од несреќата можете да погледнете ТУКА

Најнови вести